За нас
Од 1991, во ист бизнис.
Хемпромак ДООЕЛ е приватно претпријатие кое континуирано работи од основањето во 1991 година во областа на трговија на големо со гумени производи и репроматеријали за индустриска намена.
Нашето друштво е едно од поголемите контрактори и добавувачи на македонските компании пред сè со црева (гумени, армирани, спирални, хидраулични, тефлонски, иноксни, ПВЦ, полиамидни, полиуретански, композитни итн.), гумени технички плочи (армирани и целогумени), подни плочи и други гумено-технички артикли.
Нашите производи имаат примена пред сè во индустријата и рударството, градежништвото, автоиндустријата, хемиската индустрија, локалните сервиси и прехранбената индустрија, како и при изведба на климатизациони системи и вентилација и секаде каде што има проток на флуиди од најразличен тип и агрегатна состојба.
Располагаме со сопствен модерен деловен објект во Индустриска зона Пинтија, Скопје, каде континуирано се на располагање повеќе од 100.000 m разни типови црева и 20.000 kg разни видови гумени плочи.

Каде сме
Бул. Борис Трајковски 103
Индустриска зона Пинтија, 1000 Скопје
Хемпромак е меѓу поголемите снабдувачи на македонскиот пазар со следните производи
Црева
Вода, воздух, заварување, бензин и масла, LPG, хидраулични, спирални, тефлонски, полиамидни, полиуретански, ПВЦ, полиестерски, како и иноксни црева.
Гумени плочи
Нудиме два сегмента: технички целогумени и армирани плочи со различен квалитет и намена, и подни гумени и ПВЦ плочи за внатрешна и надворешна апликација.
Фитинзи за црева
Приклучоци и фитинг за хидраулика, фитинг за индустриски црева, адаптери и нипли, хидраулични брзи спојки, стеги, пневматски брзи спојки и конектори, заштитни спирали и материјали за црева.