Неколку зборови за нас

Хемпромак Дооел е приватно претпријатие кое континуирано работи од основањето во 1992 година во областа на трговија на големо со гумени производи и репроматеријали за индустриска намена.

Нашето друштво е едно од поголемите контрактори и добавувачи на македонските компании пред се со црева ( гумени, армирани, спирални, хидраулични, тефлонски, иноксни, ПВЦ, полиамидни, полиуретански, композитни итн.), гумени технички плочи ( армирани и целогумени ), подни плочи и други гумено технички артикли.

Нашите производи имаат примена пред се во индустријата и рударството, градежништвото, автоиндустријата, хемиската индустрија, локални сервиси и прехрамбена индустрија  како и при изведба на климатизациони системи и вентилација и секаде каде што има проток на флуиди од најразличен тип и агрегатна состојба: заптивни гумени плочи и подни плочи со различна намена.

Располагаме со сопствен модерен деловен објект во Индустриска Зона Пинтија Скопје, каде континуирано се на располагање повеќе од 100.000 м1 разни типови црева, 20000кг разни видови гумени плочи како и плочи и гума.

Хемпромак е меѓу поголемите снабдувачи на македонскиот пазар со следните производи:

Црева

Вода, воздух, заварување, бензин и масла, ЛПГ, хидраулични, спирални, тефлонски, полиамидни, полиуретански, ПВЦ, како и на спојки и приклучоци

Гумени плочи

Техничка плоча со и без платно и подни плочи

Хидраулични приклучоци

Како дел од нашиот асортиман на производи